Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бунтовнички чизми над колена

buntovnicki-cizmi-nad-kolena-povekjeАко ги следите модните насоки за сезоната која доаѓа и помисливте дека овој пат ќе ги изоставиме чизмите над колена, сте се излажале. Впрочем кога...

 

...ќе видите како дизајнерите одлично ги комбинираат со секаков вид на облека, веднаш ќе посакате барем еден пар за себе.

Имено, оваа есен и зима високите чизми растат уште повеќе и сега се носат над колената. Досега истите им беа познати само на пиратите и рибарите или пак од друга страна во лакирана варијанта како ненадминлив секси фетиш.

Сега, чизмите над колена стапија на модната сцена во секси, но не вулгарна варијанта наменети како за вечерните така и за дневните излегувања.

На модните писти можевме да ги видиме сите можни и невозможни варијанти на дизајнерска фантазија, од тесно припиени кон ногата до многу широки, но во секој случај исклучително високи.

buntovnicki-cizmi-nad-kolena

Пиратската верзија овој пат ја одбраа Vivienne Westwood Red Label, Peter Pilotto и Costume National.

Ако пак се решите за светкавата варијанта каква што предлагаат Roberto Cavalli и Stella McCartney, внимавајте вашата облека, здолништата, фустаните и капутите да имаат раб подолг од оној на чизмите за да не изгледате како „ноќна дама“. Впечатлива металик верзија на чизмите над колена сезонава понудија и Louis Vuitton и Giles.

И за крај да напоменеме, дека мини здолништата, шорцевите и кратките фустанчиња се одлична комбинација со трендовските чизми сезонава.

Би можело да ве интересира:

ZARA фустанот кој е хит оваа сезона – за 1.600 денари ќе бидете како (лажна) сопруга на мафијаш Фустанот беше распродаден само за неколку денови во Шпанија, а кај нас треба да ...
Од беж до боја на чоколадо - Како да носите кафеаво оваа есен, инспирирани од нашите инфлуенсерки? Македонските инфлуенсерки го следат светскиот моден тренд - сите нијанси на кафе...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...
„Го најдов совршениот фустан од ZARA, заради кој градите ми изгледаат поголеми за една корпа“ „Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA то...
5 трикови за ниски девојки: Како да изгледате стилски во широка облека? Избегнувајте контрастни бои и давајте им предност на монохроматските комбинации ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg