„Го најдов совршениот фустан од ZARA, заради кој градите ми изгледаат поголеми за една корпа“
„Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA тотално ме збуни“ – вели британската инфлуенсерка Шинед Биделкомби. Погледнете како изгледа виралниот фустан на шпанскиот бренд кој стана огромен хит сезонава.
Постојат голем број начини со коишто визуелно можете да направите деколтето да ви изгледа побујно и поисполнето, но според една англиска инфлуенсерка, популарниот фустан на ZARA ќе ви помогне во тоа, без да вложувате премногу труд.
Според инфлуенсерката Шинед Биделкомби која е висока 175cm и носи градник со B корпа, овој бел краток фустан од ZARA направил да изгледа како да има поголеми гради без никаков труд.
„Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA тотално ме збуни. Изгледа како мојата B корпа да станала C“ – вели таа во описот до видеото што го објави на ТикТок.
Фустанот се продава по цена од 1.990 денари, а препознатлив е по длабокиот V израз околу вратот и наместо јака, има широк кафен ремен, па заради тоа изгледа сосема необично, а остава впечаток како на себе да носите дизајнерско парче облека.
Фустанот е изработен од растеглив материјал кој совршено ги нагласува сите атрибути на женското тело, а стана популарен и за многу брзо време беше распродаден.
Погледнете го видеото:
@sineadbiddlecombe Not only is this dress a SLAY I have now gone from a B cup to a C at least😂😂 wtf #zara #zaradress
♬ Ill do it x the light is coming - Onika
Б. С. Б. | Црнобело