Славните носат: Обувки во месо боја
Бојата која сите ја сакаме и сите ја носиме. Nude обувките секогаш успеваат да ја спасат секоја ситуација и одлично да се вметнат во секоја комбинација.
Без разлика дали сме се одлучиле за обувките или пак облеката, оваа боја дава доза софистицираност и стилизам.
Овие едноставни и еднобојни обувки одлични се за вклопување во разни врсти на облекување, а нивната најдобра страна е што со сигурност се вклопуваат со секој изглед без разлика дали станува збор за вашиот свечен фустан или џинсот и обичната бела маичка.
Цветните дезени, монохроматските принтови или полка-дот дезените успеваат на секоја девојка да и зададат главоболка кога се во прашање обувките. Стресот може едноставно да се избегне. Одберете ги обувките во месо боја и прошетајте се како познатите дами.
Секако и оваа боја доаѓа во различни нијанси, така што можете да ја одберете онаа нијанса од палетата која вам најдобро ќе ви прилега.