Направете сами: Здолниште за помалку од еден час
Посакувате оваа пролет ново здолниште? Лесно. Нема да ви биде потребно шетање низ скопските трговски центри; голема сума на пари; ниту пак, многу време.
Појдете до најблиската продавница за материјали и направете ја сами.
Што ви е потребно:
- Материјал (по желба) во должина од 1м и широчина од 1,5м
- Поголемо парче хартија (или постер)
- Ножици
- Метро за шиење
- Креда
- Конец
- Игла
- Патент
За почеток измерете ја вашата половина и добиениот број поделете го со 6,28. Потоа, измерете ја посакуваната должина на сукњата.
Постерот превиткајте го на половина еднаш и потоа на половина уште еднаш, за да добиете една четвртина коцка. На превитканиот раб од коцката во агол одбележете ја добиената мерка од вашата половина поделена со бројот 6,28, а потоа продолжете со одбележување и на посакуваната должина на здолништето.
Откако ќе го исечете постерот, по одбележаните линии, треба да добиете единствено парче кое ќе наликува на крофна.
По принципот на кој го превиткавте постерот, превиткајте го и материјалот. На оваа должина поставете го постерот како мерка по која ќе го исечете материјалот. Откако ќе завршите со сечење на материјалот, повторно треба да добиете крофна.
На горниот дел од материјалот исечете дел каде рачно (или на машина за шиење, доколку ја поседувате) ќе го сошиете патентот.
По избор, доколку сакате сукњата да завршува со засебно парче материјал кој ќе ја покрива исечената површина, по мерката на вашата половина исечете правоаголно парче од остатокот од материјалот, превиткајте го на половина и истото сошијте го на горниот дел.
Здолништето е готово!