Ријана гола во жолта кралска наметка, Ким во кристали и пердуви, Адријана Лима со вампирски изглед на Met Gala 2015
Традиционално како и секоја година, во Метрополитен музејот во Њујорк синоќа се одржа најгламурозната ноќ. Овој пат тема беа симболите на Кина, па затоа голем број од ѕвездите носеа тоалети - кимона, ситни цветни дезени, наметки и огромни впечатливи круни.
Бијонсе се издвои од сите останати со својот Живанши фустан од кристали кој откри повеќе од очекуваното, додека Ријана се појави во жолта, кралска наметка под која се гледаше само кожа.
Ким Кардашијан овој пат изненади со едноставноста и префинетоста во тоалетата со кристали и пердуви од Роберто Кавали, додека Сара Џесика Паркер крајно ја испочитува темата и облече црнакреација со црвени булки и црвена круна.
Лејди Гага исто така беше тематски облечена во креација на Александар Ванг за Баленсиага.
Адријана Лима успеа да ги зачуди сите присутни со својот вамп изглед, па сигурно и вие нема да ја препознаете на прв поглед со црните шишки.
Сопругата на Џорџ Клуни, Амал, и покрај тоа што признава дека не е љубител на црвените теписи, за ова гламурозно појавување одбра толаета со карнери и корсет, потпишана од Џон Галиано.
Џеј Ло исто така делумно се задржи до темата во фустанот на Версаче кој го откри страничниот дел од нејзиниот најголем атрибут - задникот.
Ова се само дел од креациите кои треба да ги запаметите од овогодинешната Met Gala: