Дали кожниот тренд и работното место се согласуваат?

Кожата е незаменлив дел од твојот на облекување и сакаш да ја носиш дури и на работа?

dali-kozniot-trend-i-rabotnoto-mesto-se-soglasuvaat-0001.jpg

Еве неколку начини како можеш твојата желба да ја спроведеш на дело.

Тргнувајќи од изминатата година кога кожата во полна сила се врати на својот пиедестал, остана со ново руво да ги креира женската моќ и статус. Но, вистинското прашање е: може овој моден класик да се носи и на работа?

Кожата знае многу бргу да премине од модна изјава и класик во класична катастрофа. Односно, од идејата да бидете модерни, да го добиете изгледот на младата тинејџерка Сенди од филмот Grease. И додека за некои компании кожните детали се прилично драматичен изглед кој заслужува едно големо не, за други знае да биде одраз на вашата индивидуалност.

dali-kozniot-trend-i-rabotnoto-mesto-se-soglasuvaat-01.jpg

Основниот совет е: внимавајте како и колкав дел од вашата облека ќе има кожни примеси. Тргнете се по настрана од се што е претесно или прекратко.

И еве уште неколку корисни совети:


Мешајте ги материјалитe

Кожата вметнете ја во вашиот изглед во мали детали. Можете да носите класична кошула со полу кожни ракави или пак, класичната работна суќна може да има на себе кожни џебови.

dali-kozniot-trend-i-rabotnoto-mesto-se-soglasuvaat-2.jpg

Одлучете се за примеси

Овдека секако дека не станува збор за тоа да се појавите на работното место како жената мачка од Бетмен. Одлучете се за еден дел од вашата облека било дали станува збор за вашата суќна, јакна или обувки.


Кожата нека се најде во вашите аксесоари

Ако вашата компанија не е слободна во поглед на тоа колку кожата ја одразува вашата професионалност; тогаш истата може да се најде на вашата чанта, ѓердан или каиш. 

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg