10 бизнис комбинации кои можете да ги копирате од Амал Клуни

Посакувате да го надополните вашиот професионален изглед, но едноставно немате идеа што би можеле да сторите. Еве неколку предлози кои можете да ги ископирате од Амал Клуни.

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-001.jpg

Ова се неколку парчиња софистицирана облека со која покажува дека; освен што е професор, активист и зафатен адвокат; Амал умее да биде и стилска инспирација.


Твид комбинезон

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-2.jpg

Уште во 1924тата година, кога Шанел за прв пат започнува да го користи шкотскиот твид, како идеал за женската убавина и сензибилност, истиот постанува култен изглед на професионалната жена.


Портокалови нијанси

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-1.jpg

Портокаловата боја ги симболизира виталноста, разиграноста и креативноста. Овие црти можете да ги прикажете и на работното место.


Бела боја и контрастен детаљ

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-03.jpg

Целосно бел комбинезон е подеднакво истакнат класик како и малиот црн фустан. Белата боја секогаш се врзува со професии како што е докторската, но исто така, се врзува и со плавата крв на кралевите. Оваа боја понекогаш се врзува и со ладноста на зимата, така што, ако сакате да ја покажете на работното место, дајте и малку топлина. Комбинирајте ја со некој разнобоен детаљ.


Црвено црна комбинација

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-04.jpg

Ова се двете класични бои за модерната жена, кои Амал Клуни покажува како може да ги комбинирате и се уште да изгледате отмено.


Карирани детали

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-5.jpg

Класичната црна суќна секогаш можете да ја искомбинирате со кариран детаљ како кошулата.


Шанел костим

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-6.jpg

Добро познатиот изглед во бела боја е секогаш добредојден во вашиот орман.


Модерен архитектонски „принт“ изглед

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-7.jpg

Едноставен фустан, со неколку јасно изразени линии е модниот изглед на 21иот век.


Цветен „принт“

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-8.jpg

Цветниот принт е карактеристичен летен изглед кој го применуваат многу дизајнери и во главно се користи како идеал за летните денови, но доколку на него умеете да додадете едноставни чевли и чанта, истиот ќе ја покаже вашата неодминлива софистицираност.


Кратко бело фустанче

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-9.jpg

Покрај цветните принтови, краткото бело фустанче е уште еден додаток на летниот гардеробер. Како што важи правилото за цветното фустанче, истото важи и за краткото бело фустанче. Додадете на него детали кои ќе го подобрат вашиот изглед и ќе му дадат професионален „шмек“.


Розово

10-rabotni-parcinja-obleka-koi-mozete-da-gi-kopirate-od-amal-kluni-10.jpg

Розовата боја е боја на нежноста, љубовта и емпатијата. Искористете ги овие нејзини карактеристики и покажете дека сте личност која умее добро да комуницира и да сочувствува со колегите.

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg