Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дизајнирани хулахопки

dizajnirani-hulahopki-povekjeПолека пристигнуваат ладните денови и ако до сега сте одложувале, сега е вистинскиот момент да ги извадите дебелите хулохопки од ормарот. Немојте...

 

...никако да го потценувате овој многу корисен дел од гарадаробата, бидејќи хулохопките освен што добро греат, dizajnirani-hulahopkiможат да бидат и згоден моден додаток.

Всушност, ако судиме по сето она што го видовме на разните модни недели, густите и дебели „најлонки“ се вистински моден хит оваа сезона.

Сеуште се популарни класичните црни хулахопки, кои делуваат елегантно и префинето и најлесно се комбинираат. Но, оваа сезона внимавајте, тие треба да бидат дебели, густи и непровидни.

Ако пак повеќе ги сакате живите бои, тогаш ова дефинитивно е ваша сезона. Дизајнираните хулахопки, носат порака со себе, нив најчесто ги одбираат жените со слободен дух. Цветните дезени се за романтичните души, а оние со животински принтови за дивите во срцето.

Хулахопките најчесто не се многу скап дел од гардаробата, а можат да ја оживеат и разиграат и најдосадната модна комбинација. Се што при тоа е потребно е само малку умешност во комбинирањето. Секоја зимска туника или фустан ќе изгледа многу подобро во комбинација со модерни и тренди хулахопки, кои ќе го надополнат вашиот изгледот.

Доколку се решите да носите хулахопки со воочлив дезен или во жива боја, тогаш остатокот од облеката мора да биде едноставен и невоочлив. На тој начин ќе ги нагласите хулахопките, односно вашите нозе.

Ако пак сакате визулено да ги издолжите нозете, тогаш дизајнерите предлагаат хулахопки и чевли во ист тон. Иако можеби малку ќе се помачите во ускладувањето на тоновите, сепак модните стручњаци гарантираат неверојатно добар ефект.

dizajnirani-hulahopki2

Би можело да ве интересира:

Дамскиот моден стил на водителката Цеце Николова (фото) Таа е вистинско освежување на ТВ екраните, како со насмевката и убавата енергија...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
6 парчиња накит кои се тренд оваа есен 2024 Ако отсекогаш сте обожавале персонализирани ланчиња со иницијали или и...
Палта кои ќе бидат хит за есен 2024 Мантилите и кожeните јакни ставете ги на страна... Кои 5 вида на палта се најдоа...
Најлошите модни комбинации на Кери Бредшо од Sex and the City, која важеше за модна икона (фото) Ако сега ја изгледате серијата Sex and the City, брзо ќе сфатите дека повеќето к...
Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg