Има 83 години, а изгледа неодоливо секси (фото)
Речиси 70 години Кармен Дел`Орефиче владее на насловните страници од модните едиторијали. Уште од 15-годишна возраст се има фотографирано за престижниот „Вог“, а како поминуваат годините сè повеќе воодушевува со убавината.
Таа е прогласувана и за најстар светски модел кој сè уште нема потреба да се пензионира. Со оглед на негуваната убавина и стилот таа изгледа многу подобро и од бројни денешни млади манекенки.
Има строго држење и висок моден стил, кој е карактеристичен и специфичен, поради што не можете ниту да ја одминете, ниту да ја замените.
Нема жена која не се воодушевува и по малку не завидува на она што Кармен го претставува.
Во нејзината кариера има бројни фотосесии, едиторијали, а ова се само дел од фотографиите на кои зрачи нејзината отменост и сексапил: