6 документарци кои сите љубители на модата треба да ги погледнат
Ако сте вистинска зависничка од мода, сигурно секојдневно читате модни списанија и ги следите новитетите на сите модни куќи. Ниедна нова колекција не поминува незабележана од вас. Но, ако сè уште не сте го поткрепиле вашето знаење со гледање документарни филмови со модна тематика, време е тоа да го направите.
Овие неверојатни приказни за планетарен успех, напорна работа и огромен талент на поединците кои ја тресат модната индустрија и без чиј печат таа не би била тоа што е, ќе го сменат начинот на кој ја гледате модата.
Документарниот филм „Dior and I“ преставува интимен портрет на белгискиот дизајнер Раф Симонс, во „The Eye Likes To Travel“ можете да го проследните животот на легендарната модна уредничка Диана Вреланд, додека „The September Issue“ ни овозможува уникатен заткулисен поглед во целиот процес на подготвување на популарното септемвриско издание на магазинот „Вог“.
„Mademoiselle C“ се фокусира на обидите на модната стилистка Карин Роитфилд да почне свое списание во Њујорк, „Lagerfeld Confidential“ е непосреден портрет на големата модна икона Карл Лагерфилд, додека „Valentino: The Last Emperor“ ни дозволува одблизу да го погледнеме животот на легендарниот моден креатор Валентино.
Овие 6 документарци задолжително ставете ги на вашата листа на филмови кои треба да ги погледате.
1. „Dior and I“
2. „Lagerfeld Confidential“
3. „Valentino: The Last Emperor“
4. „The Eye Has To Travel“
5. „Mademoiselle C“
6. „The september issue“