5 Златни правила на облекување кои треба да ги знаете

Сите сакаме да изгледаме што подобро и модните комбинации се еден од начините да се покажеме во најдобро светло.

5-seksi-poraki-so-koi-kje-go-izludite-1-.jpg

Меѓутоа постојат и некои правила кои треба да се почитуваат за да изгледаме што е можно подобро и попривлечно.

Овие 5 златни правила вреди да се знаат:

Златно правило број 1

5-zlatni-pravila-na-oblekuvanje-koi-treba-da-gi-znaete-1

Со вистинскиот градник во секоја облека ќе се чувствувате пријатно, а од неговата удобност и начин на кои ги обликува вашите гради ќе зависи како ќе ви стои фустанот или маичката што сте ја облекле. Пред да купувате градник најпрво пробајте го за да видите како се поклопува на вашата градба и како ги обликува градите.


Златно правило број 2

5-zlatni-pravila-na-oblekuvanje-koi-treba-da-gi-znaete-2

Постигнете добар изглед однатре, односно инвестирајте во квалитетна долна облека. Под фустанот секогаш можете да облечете поткошула, боди, мидер и слично. Овие дополнителни парчиња облека ќе го обликуваат вашето тело и ќе направат да се чувствувате удобно во сопствената кожа.


Златно правило број 3

5-zlatni-pravila-na-oblekuvanje-koi-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Чекорете исправено! На тој начин најлесно ќе ги покриете сите недостатоци на вашето тело. Освен тоа, доколку облекувате високи потпетици задолжително мора да внимавате на начинот на кој одите.


Златно правило број 4

5-zlatni-pravila-na-oblekuvanje-koi-treba-da-gi-znaete-4

Кога станува збор за накит запомнете: помалку е повеќе. Со раскошно ланче секогаш во комбинација одат ситни обетки или обратно. Ако носите алка, тогаш не ставајте повеќе од еден прстен.


Златно правило број 5

5-zlatni-pravila-na-oblekuvanje-koi-treba-da-gi-znaete-5

Прифатете го фактот дека постојат одредени стилови кои ви одговараат и одредени кои едноставно не ви прилегаат. Доколку се во мода фармерки со низок струк, а вие сте повеќе полни во тој дел, овие панталони само повеќе ќе ви го истакнат стомакот и затоа е подобро да заборавите на нив. Носете го тоа што најдобро ви стои. 

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg