Водич за мажи: Како да ги одберете фармерките кои најдобро ви стојат?

Фармерките се вечно парче облека кое сигурно никогаш нема да излезе од мода. Но, тоа не значи дека е лесно да се одбере кројот кој не само што ќе ви одговара одлично, туку и ќе направи да се чувствувате удобно.

momci-odberete-farmerki-spored-vidot-na-vasata-gradba-1

За да не „лутате” низ продавниците и да се мислите какви фармерки да си купите, одберете модел кој најдобро ќе одговара на вашата градба, бидејќи во спротивно нема да изгледате добро.

Слаби нозе

Ако имате слаби нозе, тогаш идеален избор е слим моделот кој има рамно кроени ногавици. Избегнувајте ги широките модели, бидејќи тие ќе ви ги „проголтаат“ нозете.

momci-odberete-farmerki-spored-vidot-na-vasata-gradba-3


Развиени нозе

Доколку одите во теретана и редовно правите вежби за нозе и чучњеви, тогаш тоа треба да го покажете во фармерки кои ќе ја следат линијата на нозете. Фармерките со прилично тесни ногавици се добар избор само ако имате добра дефиниција.

momci-odberete-farmerki-spored-vidot-na-vasata-gradba-2


Крупни и високи момци

Генерално, сите мажи треба да избегнуваат фармерки со плиток струк до тој степен што им се гледа долната облека. Тоа можеби е кул за еден средношколците, но не и за зрели мажи.

Покрупните момци треба да носат фармерки со малку длабок струк и поширок, со рамно сечени ногавици, со цел да ги прикријат вишокот килограми.

momci-odberete-farmerki-spored-vidot-na-vasata-gradba-4

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Македонки со стил: 6 модели на чевли со кои може да ги комбинирате фармерките Носете ги со рамни и стилски влечки како Каролина Гочева, со флуресцентни штикли...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg