Внесете боја во секојдневието: Моден предизвик кој ќе го обожавате
Пролетта е на прагот, а нема поубав дочек од парчињата облека во светли нијанси со кои ќе внесете колоритност во секојдневието...
Заборавете на црната, белата, сивата и кафената време е за нов моден предизвик:
Светло розова
Не бегајте од светлата и весела розова боја. Оваа боја веднаш ќе го подобри вашето расположение, а пробајте да ја комбинирате со панталони или здолниште во црнобел дизајн.
Корално црвена
Дури и обичниот фустан, корално црвената го прави да изгледа елегантен и софистициран. Комбинирајте ја со неутрални бои или пак со темно зелен капут или палто кој ќе даде уште поголем шарм на целосниот изглед.
Светло зелена
Оваа боја привлекува внимание, затоа носете ја гордо. Можете едно парче на себе во зелена боја да го комбинирате со темни бои за повеќе да дојде до израз.
Светло жолта
Жолтата ќе го разведри дури и најврнежливиот и најтемниот ден во годината. Чизми, високи потпетици или балетанки во жолта боја се одличен избор со кој нема да погрешите.
Враќање на виолетовата
Одлично одговара со сите бои и дава еден посебен изглед на шарм и елеганција.
Корално портокалова
Одговара буквално на секого, без разлика на тоа каков тен имате. Набавете си капут или почнете со чанта и високи потпетици. За кратко оваа нијанса ќе ви стане омилена.