Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Коса како на рекламите

kosa-kako-na-reklamite-povekjeСигурно сите сакате да имате сјајна коса како на рекламите за шампони кои секојдневно ги гледаме на телевизија. Убава, сјајна и здрава коса не е мит.

 

Сепак можете и вие да ја имате ако се држите до одредени правила. Еве 10 совети со кои сигурно ќе успеете.

1. Правилно миење на косата

За темелно да ја измиете косата доволно е на рацете да капнете шампон со големина на капката колку лешник. Протријте го шампонот низ рацете и потоа нанесете го рамномерно на главата.

При миењето највеќе концентрирајте се на темето затоа што токму таму косата највеќе се масти. Ако косата се запени уште при првото миење нема потреба повторно да ја шампонирате.

Важно е косата добро да ја измиете затоа што во спротивно доаѓа до иритација на кожата.

2. Различна коса, различна нега

Секоја коса има свој, различен фактор. Природната коса бара поразлична нега одkosa-kako-na-reklamite фарбаната. Побарајте совет од фризерката за да го подобрите квалитетот на косата.

3. Ладната вода ја чува косата

Ако не сте зимурливи пробајте да стиснете заби и да ја измиете косата со ладна вода.

За возврат ќе добиете уште посјајна и побујна коса, затоа што ладната вода влијае на затворање на фоликулите, а површинскиот слој на косата ќе биде мазен. Ладниот туш овозможува да ви расте поцврста коса.

4. Кога косата вели доста

Пробувајќи да ја разубавите фризурата правиме голема грешка користејќи најразлични производи.

Гелови, лакови, регенератори, маски - ако пречесто ги користите во еден момент доаѓа до презаситување на косата и не може повеќе да вшива ниту една состојка. Направете пауза, косата ќе ви биде благодарна.

5. Немојте да ја триете со пешкирот

Мократа коса е поеластична од сувата. Ако непотребно ја затегнувате, чупате, триете со пешкирот постои голема можност да се појави првут. Замотајте ја косата во пешкир и на тој начин сушете ја полека.

6. Чешлање

Внимавајте на опремата со која ја четката или чешлате косата. Најдобри се четките со заоблени врвови од природни влакна - со нив се чува косата и се спречува брзото мастење.

7. Сушење

Косата претходно исушете ја со пешкир, затоа што мократа коса е посебно чувствителна и не реагира добро на топлите зраци.

Ако е возможно фенот вклучете го на најладно. На тој начин ќе избегнете потење во подрачјетона темето заради кое фризурата не е постојана и онаква каква што вие сакате.

8. Вниметелно со фенот, пресата, пеглата

Ако ја исправувате или виткате косата таа ќе постане слаба и кршлива. За да не го предизвикате тоа постојат посебни спрејови за заштита на косата од топлината кои површината на влакната ја прекриваат со заштитен слој и спречуваат сушење.

9. Магијата на волуменот

Тапирањето е непријател на косата. Волумен можете да добиете доколку ја фенирате косата со главата надолу.

10. Помош за витканата коса

Локните најпаметно е да ги оставите не мира. Додека косата е мокра немојте да ја допирате, чекајте да се исуши и потоа интервенирајте.

Производи кои одговараат за виткана коса: капки за суви врвови, спреј за коса и маска која дава потребна влага.

Би можело да ве интересира:

Како да го комбинирате накитот со облеката за да оставите стилски впечаток? Големината на накитот во однос на стилот на облеката, комбинацијата на бои кај н...
Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фо... Фустанот е направен од песок и е оформуван по нејзиното тело, тројца мажи ѝ пома...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Летната улична мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Oд едноставни монохроматски стајлинзи зачинети со смели чанти до модели со впеча...
40 идеи за аутфити за матурантките кои не знаат што да носат Долги, свечени фустани, кратки, впечатливи фустани или покежуал варијанти со пан...
Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg