Здолништа во кои ќе се заљубите летово (и нема да сакате да носите ништо друго)
Бели здолништа, бохо стил, мини здолништа со украси - какви модели се ин ова лето?
Летото е сезона за спектакуларна лесна облека, весели бои, безброј можности за комбинации...
Па секогаш кога не знаете што да облечете, можете да изберете здолниште и да го комбинирате со омилената блуза, кошула или кроп-топ.
Но, и модата на здолништата се менува од година во година.
Погледнете кои модели се ин оваа сезона - веруваме дека ќе се заљубите во некои од нив:
Здолниште со длабок шлиц
Оваа сезона во мода се враќаат здолништата со длабок шлиц. Но, при изборот на модел, колку и да имате идеални пропорции на телото, избегнувајте тесни здолништа кои ќе ве оцртуваат.
Наместо нив, изберете пошироки здолништа на кои шлицот им е напред, или лесни, лелеави здолништа со висок струк и шлиц до под колкот.
Асиметрични плисирани здолништа
Иако плисираните здолништа престанаа да се носат пред неколку сезони, тие повторно се враќаат во мода.
Но, овој пат моделот е асиметричен и делува „поживо“ отколку класичните плисирани здолништа.
Мини здолништа со украси
Едноставните мини здолништа ова лето заменете ги со модели кои имаат украси.
Иако може да изберете здолниште со многу копчиња, подобра и помодерна опција се здолништата со ремени и неколку токи - кул и младешки во исто време.
Бело здолниште
Белите здолништа доминираа на Модната недела во Лондон.
Сепак, кога е во прашање белата боја, стилистите препорачуваат да изберете долго или миди здолниште, бидејќи кратките тесни бели модели се демоде.
Исто така, ако не сакате едноставен крој, може да купите здолниште во бохо стил.