Здолништа во кои ќе се заљубите летово (и нема да сакате да носите ништо друго)
Здолниште со многу сјај
Оваа сезона на голема врата се враќаат и светкавите материјали.
Па, иако можете да изберете сатенско или свилено здолниште кое има природен сјај, стилистите препорачуваат да носите здолништа со светки.
Цветен дизајн
Цветните дезени се во мода и ова лето. Но, според стилистите, мора да внимавате на моделот што ќе го изберете.
Избегнувајте здолништа со копчиња напред, но и дезени со ситни цветчиња.
Наместо тоа, изберете здолништа со едноставен крој и големи цветови.
Или барем со цветови со средна големина, а боите нека бидат светли и шарени.
Леопард принт
Ова е еден од најпопуларните трендови уште од почетокот на 2024-та година.
Затоа, во вашиот плакар нека има барем едно здолниште со леопард принт.
При избор на моделот, сепак, гледајте тоа да е поширок модел, наместо здолниште припиено до телото.
Бохо стил
Здолништата во бохо стил се ин оваа сезона.
И иако можеби сте љубител на ретро моделите со карнери, стилистите препорачуваат поедноставни модели, кои може да имаат копчиња или да се со висок струк.
А. Ј. | Црнобело