Најпрактични модни совети за дамите во 40-тите
Кога жената навлегува во своите 40-ти години, одредени стилови треба да ги препушти на младите и да одбира работи кои повеќе ќе ѝ одговараат.
Секако дека стилот не престанува, но тој единствено треба да се прилагоди.
Кога станува збор за облекувањето треба да се држите до овие совети:
Прилагодете ја облеката на градбата
Кроевите кои не одговараат на вашиот вид на градба не можат убаво да ви стојат. Одбирајте парчиња кои ќе ги нагласат вашите атрибути и нема да го нагласуваат тоа што сакате да го сокриете.
Вистинска должина на здолниште
За дамите во 40-те, здолништето не треба да биде ниту прекратко, ниту предолго. Во прекраткото ризикувате да изгледате смешно, а во предолгото изгледате уште постари. Идеалната должина е малку над колената.
Чевли
Одберете ја онаа висина која не ви пречи и гледајте чевлите да бидат во жива боја. Пастелните се идеални за во пролет, а ако сте похрабри одлучете се за црвена боја, кралска сина или розова.
Накит колку што треба
За жените во 40-те доволно е на себе да имаат само пар убави обетки или ланче. Премногу китење со накит ќе ве направи да изгледате постаро.
Бои
Тоа што сте постари не значи дека во гардероберот треба да ви се насели монотонија. Слободно играјте се си боите и носете бела, пастелно зелена, розова...