Celio* колекција пролет/лето 2015

За пролет/лето 2015 стилската инспирација на брендот Celio*доаѓа директно од Соединетите Американски Држави.

celio-kolekcija-prolet-leto-2015-001.jpg

Индиго бојата е вистинска ѕвезда на колекцијата, претставена преку речиси сите групи на производи – блузи, јакни, маици...

Тексас јакните и палтата во индиго боја создаваат нови правила на елеганција и се промовираат како носечки парчиња на лежерниот стил.

Новитет во оваа колекција се фармерките кои се мешавина на класичен џинс и трико што ги прави екстремно практични и удобни.

На тој начин мажите може слободно да се движат без да изгубат во поглед на стилот и елеганцијата.

Еден од останатите трендови на сезоната е рокерскиот дух со спортски примеси, изразен преку употребата на темни нијанси, сива и бела во форма на “кул” парчиња за младите и активни момци. Изгледот е дополнет со додатоци како ранци или торби кои се носат странично.

Третата, летна инспирација доаѓа од плажите, избледените бои и пастелни нијанси, како и принтовите со егзотични мотиви, застапени кај сите летни парчиња од колекцијата.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
7 тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате побогато и елегантно Полека, но сигурно, се подогтвуваме за претстојната есенска сезона. Па, ако сте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg