Како да го поправите расипаниот патент, без да го менувате? (фото)

Баш кога најмногу ви требаат омилените фармерки или омиленото палто, ќе ви се случи патентот да ви се расипе. Колку и да тегнете и се обидувате да го одглавите, со сила нема да успеете.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-01.jpg

Затоа, добредојден ќе ви биде овој трик, односно овие неколку инструкции кои ќе ви помогнат да го поправите патентот за само 5 минути.

Подмачкување

Првото и најлесно решение кое може да го примените е да истриете восок на патентот. Тоа може да биде свеќа или мрсна боичка. Сапунот исто така е од голема помош.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-02.jpg

Без разлика што и да одберете, потребно е добро да го триете патентот од двете страни, заб по заб.

Добра идеја е и безбојниот лак за нокти. Премачкајте го секој заб поединечно, почекајте да се исуши и обидете се да го мрднете патентот од местото каде што се заглавил. Мазната површина ќе ја олесни работата.


Поправање

Потребни ви се само тенки клешти.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-03.jpg

Започнете така што ќе го отстраните најгорниот метален заб од патентот.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-04.jpg

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-05.jpg

Потоа извадете го подвижниот дел кој се заглавил.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-06.jpg

Добро погледнете која страна е оштетена и стегнете ја со клештите. Најчесто, патентот се заглавува затоа што е широк и при закопчувањето се пропушта некој метален заб.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-07.jpg

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-08.jpg

Вратете го подвижниот дел од патентот.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-09.jpg

Потоа и најгорниот метален заб.

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-10.jpg

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-11.jpg

kako-da-go-popravite-rasipaniot-patent-bez-da-go-menuvate-foto-12.jpg

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
24 идеи како да носите капути од еко крзно оваа зима (фото) Кратки, долги, меки како ќебенце или како јамболија, еднобојни, со шари, во клас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg