3 златни правила за комбинирање на модните детали
Модните додатоци и детали се клучни за добриот стил. Паметно избраните парчиња накит, марами или чанти може да направат чудо од вашиот изглед.
При изборот на додатоците мора да бидете многу внимателни бидејќи многу е тенка линијата меѓу модерното и кичот, добриот и смешниот стил.
Ова е мал водич за тоа како да направите правилен избор следејќи 3 златни правила:
1. Носете само еден голем детаљ
Без разлика дали е тоа впечатлив ремен, ѓердан, нараквица или нешто друго, доколку го носите во исто време ќе изгледате натрупано. Ако сакате да привлечете внимание на своето лице и деколтето носете впечатлив ѓердан, обетки или марама. Доколку пак, сакате да го истакнете струкот или колковите, одлучете се за појас или ремен. Нараквиците исто така ќе направат погледот да падне на вашите колкови. Ако косата е ваш адут ставете украсна шнола или марама.
2. Деталите треба да бидат вклопени со стилот на облеката
Елегантната облека бара елегантен накит. Доколку мешате стилови тешко ќе постигнете хармонија. Експериментирање и кршење на правилата е дозволено, но сè во мера додека се препознава вашиот стил.
3. Секогаш водете се според пропорциите на телото
Ако сте високи може да носите поголем ѓердан, торба и слично. Ситните девојки треба да бираат помали детали во спротивно може да изгледате како тие да ве носат вас.