Модни ризици кои секоја жена треба да ги проба барем еднаш
Повеќето од жените обично се држат до гардеробата и трендовите кои им се веќе испробани и им успеваат со сигурност.
Но, оваа година размислете да си поиграте со облеката на начин кој претходно не ви паднал на памет.
1. Во црвено од глава до пети
Не само што е силна и моќна боја, туку и затоа што е симбол на самодовербата и стаста.
2. Ремен врз палтата и јакните
Ременот ги нагласува вашите облини и ја усовршува линијата на телото, но и ви овозможува да го покажете својот талент и чувство за мода.
3. Комбинирање на макси здолништето
Кој рече дека макси здолништата се само за во лето?
4. Карирано во фокусот
Ваќе извесен период карираното е популарен принт, па затоа ако имате некое парче со интересен дезен, истакнете го.
5. Кожа од глава до пети
Ризикувајте затоа што кожата од глава до пети може да биде и тоа како привлечна, секси и моќна, само треба да внимавате на кројот на гардеробата.
6. Чорапи и сандали
Кога ќе ви се смачи од чизмите, а сакате да ги стоплите нозете, време е за овој експеримент.
7. Многу пруги
Иако делуваат ретро и старомодно, пругите се враќаат на модната сцена. Комбинирајте ги во многу бои и димензии.