Модни предлози како да ја носите бојата која ќе ја одбележи 2015-та (фото)
Крајот на оваа и почетокот на наредната 2015-та година, дефинитивно ќе бидат обележани во темните нијанси на виното.
Компанијата Пантон, која секоја година ги диктира трендовите кога се работи за боите, оваа година реши дека бордо нијансата марсала ќе биде најактуелната.
Трендот на марсала и останатите бордо нијанси не е ништо ново во светот на познатите дами, па затоа имате непресушна инспирација за модни комбинации.
Доволен ви е само еден џемпер, пар фармерки, шешир или чизми за оваа зима да блеснете во тренди бојата.
Марсла нијансата може да ја носите на ноктите и усните, кои одлично ќе го акцентираат и заокружат изгледот.
Ова се само неколку модни предлози кои може да ги искористите: