8 генијални стилски лекции кои ги научивме од Мирослава Дума
Руската модна уредничка и муза за беспрекорен уличен стил е своевиден спој на авангарда, женственост, елеганција и урбан стил, па токму затоа важи за најдобро облечена жена во светот.
Проучувајќи ги нејзините модни комбинации, целиот свет ги научи овие 8 модни заповеди и лекции кои и вреди да ги почитувате и вие:
1. Едноставните црни сандали одговараат на сè.
2. Јакната или палтото префрлено преку рамениците е секогаш шик.
3. Наместо со чантата, бојата на чевлите вклопете ја со бојата на палтото.
4. Еднобојното одело секогаш изгледа модерно.
5. Монохроматскиот стил е вечно тренди избор.
6. Чизмите над коленици лесно може да ги трансформираат фармерките во елегантно парче гардероба.
7. Чантата со рачка совршено го надополнува секој изглед.
8. Вашето палто може да биде ваш целосен аутфит.