Прекрасната Ана Ивановиќ за убав ден (фото)
Српската тениска ѕвезда неодамна ја најави својата насловна страна во магазинот Bella, но сега конечно се откриени повеќе детали и фотографии.
Ивановиќ позираше во елегантни, минималистички модни изданија, покажувајќи го својот беспрекорен стил надвор од теренот.
Во интервјуто за магазинот, Ивановиќ го објасни и својот љубовен статус, откако се шпекулираше за нејзината врска со Бастиан Швајнштајгер.
„Да, има време и би започнала врска само ако ја запознаам вистинската личност. Една од негативните страни на мојата работа е што патувам, па немам време многу да се социјализирам како луѓето кои имаат традиционални работни места, па тешко е. Немам многу шанси за да запознавам момци,“ изјави Ана.
Ова е само дел од едиторијалот кој се најде во есенското издание на магазинот Bella: