Брзате на работа? Еве како да ја испеглате кошулата за 90 секунди

Ако ви се случува да се успиете или едноставно немате доволно време за да си ја испеглате кошулата која сакате да ја носите, не грижете се! Можете да ја испеглате за 90 секунди, потребно ви е само ова видео.

brzate-na-rabota-eve-kako-da-ja-ispeglate-kosulata-za-90-sekundi-01.jpg

Што ви е потребно?

Наместете ја даската, подгответе прскалка со вода и добро загрејте ја пеглата.

Процесот на пеглање

Затоа што мажите кошулата најчесто ја носат под јакна или сако, потребно е добро да ја испеглате јаката и предниот дел од ракавите. Советот на овој експерт е да пеглате посилно, влечејќи ја пеглата кон долниот дел на кошулата.

Трикови

- Не заборавајте од време на време да ја пропрскате пеглата со вода, како и секој дел од кошулата пред пеглање.

- Кога ја пеглате јаката, прво испеглајте ја рамно, а потоа свиткајте ја на начинот на кој ќе ја носите.

- Исто така, ракавите откопчајте ги и испеглајте ги од внатре.

- За крај, закачете ја кошулата на закачалка и оставете ја да се олади.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg