Новата Хуго Бос колекција достапна и во Македонија (фото)
Колекцијана на Хуго Бос за есен/зима 2014 пристигна во Македонија. Три линии наменети за мажи се достапни оваа сезона во продавницата на Хуго Бос - BOSS, BOSS Green и BOSS Orange.
Кампањата на колекцијата BOSS е препознатлива оваа сезона по главниот лик – Скот Иствуд, син на популарниот Клинт Иствуд кој е вистинскиот олицетворение на мажот за кого е наменета колекцијата – харизматичен и природен.
Кампањата е изработена од страна на светски познатите дански фотографи Inez van Lamsweerde и Vinoodh Matadin, а е фотографирана во познатото студио Pier59 во Њујорк.
Колекцијата BOSS како и секоја сезона, така и оваа се одликува со совршен крој, одлични материјали и детално изработени парчиња.
Минималистичкиот дизајн со префинети детали ветува уште една безвременска колекција.
Колекцијата BOSS Orange ни покажува како дури и невозможните комбинации стануваат возможни доколку се направат на вистински начин. Комбинација од сјајни и мат материјали која истовремно изгледа моќно и мистериозно.
BOSS Green е колекцијата посветена на поспортските моменти од животот, а сезонава се одликува со модерен и футуристички дизајн, детали во боја и анатомски кроеви.
Колекциите разгледајте ги во продолжение: