Ова е трендот на Сен Тропе: Би носеле гаќи од свежа трева?
Сен Тропе ова лето е едно од најпосетуваните летувалишта, а успеа да ја надмине и познатата Ибица. Покрај сè, со оглед на тоа што претставува монденско место таму се наметнуваат и последните модни трендови.
Последни во низата се машките костими за капење од свежи листови и трева.
Двајца момци веќе се прошетале со новите модели и го привлекле сето внимание со својата екстравагантност.
Дали се работи за екологија, употреба на природни материјали или навраќање кон почетоците и корените за да се привлече внимание не е уште откриено.
Останува и прашањето дали се доволно пријатни и удобни за да се рашират, барем меѓу оние поексцентричните кои сакаат да ги следат сите модни трендови.