Висока мода со домашен потпис - Нова колекција венчаници од Антонија Ристовска
Во едиторијалот има нови венчаници кои се инспирирани од темата Арт Деко и претставуваат надополнување на последната колекција S/S 2014 “Art en Deco”, претставена со самостојната ревија на Антонија Ристовска во Април.
На моделите се впечатливи големите бели цветови со геометриски детали, во делот на колковите, а кај некои го има минималистичкиот изглед со впечатливи копчиња.
Во горниот дел кај некои модели е употребен најфин француски тул за нежен допир на телото.
Дел од невестинските фустани се од претходните колекции, а застапени се и кратки и неконвенционални венчаници.
“Сценогрфијата на едиторијалот е во позадина да бидат фустани на закачалки и еден од нив девојката го одбира и го правиме соодветниот аутфит што одговара на стилот на невестинскиот фустан. Всушност тоа е и нашата идеја како професионалци, да се одбере венчалниот фустан, најдобрата фризура и шминка што ќе одговара на стилот на венчаницата и секако на ликот на девојката.” – вели креаторката Антонија.