Најдобрите модни комбинации на Јелена Ѓоковиќ
Симпатична, вредна и добра се епитетите кои најдобро ја опишуваат новата госпоѓа Ѓоковиќ.
Јелена Ристиќ Ѓоковиќ е веќе добро позната хуманитарка кој напорно работи и ја нуди помошта таму каде што е најпотребна, а сè почесто се споменува и како модна икона.
Минатата година Ана Винтур и посвети цели 3 страници во модниот магазин Вог, благодарение на созревањето и развивањето на стилот и префинетата елеганција која Јелена ја негува изминативе години.
Можеби не ужива во брендираните фармерки и маички, но затоа за елегантните јавни случувања одбира големи дизајнерски имиња како Оскар де ла Рента и Александар МекКвин.
Во слободно време, сепак најчесто ќе ја видите во фармерки, шарени маички и спортски фустани кои потполно го опишуваат слободниот дух на оваа млада 28-годишна девојка.
Ова се нејзините изгледи со кои буквално ја освои јавноста: