Џенифер Грејс - Модна блогерка која освојува со едноставноста
Неверојатно згодна, убава и многу едноставна, а тотално модерна. Таа е Џенифер Грејс, модна блогерка, која ви нуди секојдневна инспирација.
Комбинирањето на малку бои и едноставни парчиња облека, но со впечатливи детали, ја издвојуваат како една од омилените меѓу девојките кои сакаат полежерен секојдневен изглед.
Сите нејзини парчиња се потпишани од врвни дизајнери како Стела МекКартни, Живанши, Лорен, Изабел Марант и многу други, но тоа не значи дека не можете да најдете нешто слично кое ќе ви одговара.
Најчесто одбира потемни нијанси на бои, но знае да освежи и со некоја светла пастелна боја.
Се забележува дека ги обожува високите потпетици, па ги комбинира во секој избор на облека.
Тотално секси и впечатливи изданија , кои еднакво делуваат и секси и лежерно. Девојка која знае да ја погоди точната доза за изглед кој не може да не го забележите.
Како аксесоар најчесто користи различни синџирчиња, подолги и пократки, кои само повеќе го дополнуваат впечатокот и финалниот изглед.
Опуштено, лежерно и секси зачекорете во нејзин стил: