Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Kако се оди на штикли

Високите потпетици се хит оваа сезона, но не е лесно да одиме на штикли цело време, особено ако се екстремно високи. Еве неколку корисни...

 

... совети кои ќе ве зачуваат од повреди и бламирање.
За почеток, вежбајте по дома, но и на скали и на треба, по калдрма... На тој начин ќе стекнете рутина, ќе ги разгазите новите обувки и ќе ги прилагодите на вашето стапало.



Облечете тесно здолниште во комбинација со сандали со високи потпетици и земете ја правосмукалката. Ако и во таа комбинација ја светнете куќата, а здолништето, потпетиците и зглобовите ви останат недопрени, ви честитаме - подготвени сте за излегување во град!

Меѓутоа, ако немате време за домашно вежбање, купите обувки со ременче околу зглобот. Тој мал додаток е одличен 'пријател' на почетниците. И чизмите со високи потпетици, се добри за 'високо' чекорење кај почетниците.

Кога купувате високи потпетици обрнете внимание на тоа дали ви се удобни, и дали е флекницата гумена. Со тешки обувки потешко се чекори, а пластичните флекници се лизгаат.

На штикли треба да одите женствено и грациозно. Тоа значи дека нозете треба да ги држите една до друга, а стопалата паралелни. Правите мали чекори и одржувајте рамнотежа. Грбот држете го право, со рамениците и петите на исто растојание.


Кога по овие вежби ќе се појавите во град, повеќе не размислувајте за тоа како одите. Уште подобро - замислувајте дека сте во патики, опуштете се, подигнете ја главата, рамената вовлечете ги наназад и тргнете самоуверено.

Гледајте го светот од висина и уживајте во погледот.

Би можело да ве интересира:

Моден двобој: Јелена Карлеуша и Едита во исти хит чизми од брендот Balenciaga Двете српски пејачки истиот модел на чизми го износеа на сосема различен начин. ...
Една од најмодерните Србинки со моделот фармерки кој ќе биде хит за пролет/лето 2025-та Одлично е што кој било модел на фармерки, што го имате дома, можете со помош на ...
Здолништа во кои ќе се заљубите летово (и нема да сакате да носите ништо друго) Бели здолништа, бохо стил, мини здолништа со украси - какви модели се ин ова лет...
Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фо... Фустанот е направен од песок и е оформуван по нејзиното тело, тројца мажи ѝ пома...
Тексас јакни, рибарски шапки и уште 6 модни трендови од 90-тите кои се вратија во мода Кроп-топ за речиси секакви пригоди, слип фустани соодветно искомбинирани, тексас...
6 модни формули за деловни комбинации кои изгледаат скапо (фото) Џемпер и широки панталони во мока мус нијанса или, пак, костим во пастелна нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg