Гламурозни венчаници од Pronovias за 2015
Пред само неколку седмици Pronovias ја презентираше колекцијата на коктел фустани за идната година, а неколку дена подоцна им се посвети на идните невести.
Венчаниците од Pronovias за 2015 се поделени во 6 тематски одвоени колекции, па така секоја невеста може да одбере раскошна, гламурозна или кратка, едноставна венчаница.
Беспрекорно белите материјали и детали се во центарот на вниманието, додека бисерните и шампањ нијанси се веќе заборавен тренд, барем според Pronovias.
Комбинацијата од бисери и тантела се вечна инспирација за секоја невеста, па оваа колекција од Pronovias повторно и го остравува сонот на секоја жена која мечтае по беспрекорно нежен изглед.
А, како во целост изгледа невестинскиот гламур низ креациите на овој бренд, погледнете во продолжение: