Сите модни комбинации на Блејк Лајвли од Канскиот фестивал (фото)
Згодната холивудска актерка Блејк Лајвли изминативе 2 седмици позитивно се издвои од конкуренцијата со своите одлични модни избори.
Блејк се појави на неколку премиери на Канскиот филмски фестивал во креации на врвни дизајнер и накит вреден илјадници евра.
За свеченото отворање одбра сексапилна креација во вино боја со потпис на Gucci, а веќе следниот ден се сврти кон стариот пријател Karl Lagerfeld и неговата креација од последната couture колекција која изгледаше како нанижена од најпрефинетите кристали.
Најраскошната тоалета ја одбра за премиерата на филмот „Captives.“ Таму се појави во црно-бел фустан од Fride Giannini во комбинација со скапоцен накит од Lorraine Schwartz.
Сите изгледи на Блејк од Канскиот фестивал, погледнете ги во продолжение: