Девојки, време е за обнова на вашата коса

devojki-vreme-e-za-obnova-na-vasata-kosa

Ладното зимско време со сигурност ја оштетува косата. Тоа е период од годината, кога најтешко може да се одржи сјајноста на косата.

Доколку, вашата коса е безживотна и крута, и сметате дека полека го губи сјајот; тогаш следете ги овие неколку трикови и со сигурност за кратко време, ќе имате прекрасна и здрава коса во текот на пролетната сезона.

  • Два до три пати неделно, практикувајте употреба на маслиново или кокосово масло. Намачкајте од средина на косата, па сè до врвовите, фатете ја косата со шнола и чувајте ја така околу 30-тина минути. Потоа исплакнете го маслото, и темелно измијте со шампон. Ова практикувајте го два до три пати неделно.

  • Избегнувајте секојдневно миење на косата. Не сите шампони се на природна база, и истите може да ја оштетат и да предизвикаат суви врвови. Практикувајте, миење на секои два дена, а маските и кондиционерите можете да ги употребувате еднаш до два пати неделно.

  • Оставете ја косата сама да се исуши. Времето е потопло, па не морате веднаш да ја изложувате косата на жештината од фенот за сушење. Најпрво дозволете му на пешкирот да ја впие водата од косата, а потоа без употреба на четка исушете ја.

  • Не ја четкајте косата додека сè уште е мокра - по сушењето можете да нанесете регенератор за полесно расчешлување, и откога косата е сува исчеткајте ја. На тој начин ќе ја заштитите вашата коса.

  • Избегнувајте прекумерно користење на препарати од типот гел за коса, лак или пена за коса. Барем некој период додека ја освежите и си ја вратите убавината, тргнете ги овие препарати. Истите содржат многу хемикалии кои секако ја оштетуваат и ја одземаат убавината, свежиноста и сјајноста на вашата коса.

  • Дајте си еден месец без фигаро, пегла за коса и останати препарати кои несомнено ја оштетуваат косата и особено предизвикуваат расцутени врвови. Наместо тоа набавете си витлери, виткајте ја во плетенки и ќе добиете прекрасна, брановидна коса.

  • Не ја носете пречесто фатена во репче, или доколку тоа го практикувате често, менувајте ја позицијата на репчето. Но, подобро е наместо репче, да земете неколку шноли и на тој начин си ја соберете косата.

  • Скратете ги расцветаните, оштетени врвови. Тоа несомнено ќе ви ја освежи косата, а заедно со сите погоре напоменати совети, за многу кратко време ќе забележите разлика.

Оваа пролет, покрај овие совети, можете да направите и промена на вашата фризура. Таа промена, секако ќе ја направи вашата коса да изгледа свежа, здрава и сјајна.

Дозволете и на вашата коса да заблесне во сјајот на пролетната сезона, така ќе блеснете и вие.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg