Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите тајни на правилната употреба на кремите за лице

Со нанесувањето поголема количина на производи за нега на лице, посакувајќи да постигнете двоен ефект од нивното дејство, може да го постигнете токму спротивното.

site-tajni-na-pravilnata-upotreba-na-kremite-za-lice-01

Кремите се нанесуваат на чиста кожа, и зависно од нивната функција ја хидратизираат, зајакнуваат или омекнуваат. Но, доколку ги нанесете повеќе од потребното, постои ризик да ги затнат порите преку кои дишe самата кожа. Така настануваат акни, црнки или шаренила.

За да го избегнете тоа, ова е препорачана количина на крема која е доволна за таа да има ефектЧ

Од дневните креми, доволно е да нанесете количина колку едно парче банана, односно тенок слој кој ќе ја заштити вашата кожа во текот на денот од слободните радикали и сончеви зраци.

Додека пак, ноќните креми, бидејќи се појаки, се нанесуваат во помала количина. Доволно е да ставите двојно помалку од дневните креми, односно колку една чоколадна бонбона, и добро да размачкате.

Кремот за околу очите се препорачува за се нанесе во количина колку една семка од сончоглед. Оваа количина е доволна за двете очи.

Кожата под и над очите е најчувствителна од цело лице, па затоа имајте на ум дека не смее да претерувате со заштитата.

site-tajni-na-pravilnata-upotreba-na-kremite-za-lice-02

Од средството за чистење на лице доволна количина за постигнување на посакуваниот ефект е колку еден бадем.

Кремата против акни се нанесува во количина колку една капсула, и тоа само на деловите на кои имате акни. Во спротивно, овие креми моежа да ја исушат кожата и да предизвикаат лупење.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Модни предлози: Што да облечете на плажа, освен едноставна наметка и влечки? (фото) Ленен комплет од шорцови и кошула или долг лелеав фустан– постојат многу опции з...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Тексас јакни, рибарски шапки и уште 6 модни трендови од 90-тите кои се вратија во мода Кроп-топ за речиси секакви пригоди, слип фустани соодветно искомбинирани, тексас...
4-годишно девојче од Скопје е мини модна ѕвезда со кул пролетни аутфити Кул модни комбинации и „шизички“ пози – 4-годишната Фрида од Скопје е хит на Инс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg