Ревија на „Макс Мара“ во Јапонија: Италијанскиот бренд прослави 60 години постоење
Познатата италијанска модна куќа „Макс Мара“, пред два дена со ревија во Токио одбележа шест децении од своето работење.
Одбраните модели воодушевија на прв поглед затоа што овој бренд е еден од највлијателните во светот на модата.
Фустанот во златна боја во комбинација со бело сако е погодно за сите прилики.
Гламур, шик, елеганција, квалитет и престиж, сето тоа е поврзано со модното име „Макс Мара“. Повеќедецениското постоење на модната сцена уверува дека купувачите ширум светот умеат тоа да го препознаат.
Во главниот град на Јапонија, ревијата за шеесеттиот роденден ја следеа познати имиња на јапонскиот шоу-бизнис, како актерката Риоко Нонекура, но и холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер.
Погледнете ги фотографиите и уживајте!