Ова се 5-те најскапи чанти во светот

Ташните или плик-чантите се модни додатоци кои станаа повеќе од потреба. Може да бидат изработени од кожа, сатен, драгоцени камчиња...

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-01

Дизајнерите ширум светот сметаат дека чантите се симбол на модата и стилот, па не е ни чудо што ги претворија во најлуксузно уметничко дело.

Клеопатра чанта

Лана Маркс ја произведе оваа чанта чија цена изнесува 250.000 долари, а изработена е од крокодилска кожа обоена во сребрена боја. Копчето е изработено од 18-каратно бело злато, а во неа се вградени и 1500 дијаманти во црна и бела боја.

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-02

Шанел „Diamond Forever“

Ова е класична чанта од модната куќа Шанел, дизајнирана од чиста крокодилска кожа. На чантата има големо лого во облик на знакот на Шанел кој е обложен со дијаманти. Копчињата и синџирчето се изработени од 18-каратно бело злато заради што чини цели 261.000 долари.

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-03

Чанта дизајнирана од Гинз Танака

Изработена од платина и украсена со над 2.000 дијаманти, овој модел на чанта чини нешто повеќе од 1,9 милиони долари. 8 каратниот дијамант кој се наоѓа на предната страна на чантата може да се користи и како брош.

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-04

Најскапата Хермес чанта

Оваа неверојатно луксузна чанта чини над 1,9 милиони долари, а за нејзино создавање биле потребни нешто повеќе од 2 години. Рачно изработена, од крокодилска кожа, со плочка злато и големи дијаманти, оваа чанта е втората најскапа во светот.

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-05


1001 ноќ дијамантската чанта

Службено најскапата дијамантска плик чанта е изработена од 18-каратно злато, а обложена е со 4517 дијаманти и чини вртоглави 3.580.000 долари. Чантата во облик за срце се изработувала цели 8800 работни часа, само за да ги сруши сите рекорди.

ova-se-5te-najskapi-canti-vo-svetot-06

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg