Нашминкајте се како ангелите на Викторијас сикрет
Манекенките кои се заштитни лица на прочуениот производител на долна облека Викторијас сикрет нашминкани се така да секогаш делуваат блескаво и свежо, женствено и заводливо.
Со неколку потези и вие можете така да изгледате.
Ова е совршен начин на шминкање со кој не може да се погреши без разлика за која пригода се шминкате и кој на сите добро им стои, а можете да го постигнете за 10 минути.
1. На горната линија од трпките повлечете кафена линија со меко моливче.
2. Нанесете кафена сенка, така што ќе се стопи со моливчето.
3. Над кафената сенка ставете светло кафена нијанса. Нанесете кафена сенка на долниот капак.
4. Во внатрешниот агол на окото и под веѓите ставете бисерно бела сенка.
5. Поминете го целиот капак со златна сенка.
6. Нанесете маскара.