AVON ја одбра Меган Фокс за заштитно лице на новиот парфем Instinct
Неодоливата глумица Меган Фокс е новото заштитно лице на компанијата AVON за новиот парфем Instinct. Тој ќе биде лансиран во Македонија на почетокот на есента.
Со својата исконска убавина и беспрекорен изглед како пред екраните, така и зад, Меган Фокс е совршен избор за интензивни егзотични нови мириси – цветно овошно-шумска категорија за Неа и шумско зачинета арома за Него. Поттикнувајќи ги примарните чувства на препуштање на желбата, Instinct е мирис за сензуалност каква што отелотворува Меган Фокс.
„Кога AVON ми предложија да бидам заштитно лице на Instinct, бев возбудена од можноста да го претставувам овој парфем”, објаснува Меган. „Навистина се радувам што денес сум дел од овој бренд, кој отсекогаш сум го сакала и почитувала.”
„Кога го создававме Instinct, баравме личност која ќе може да ја демонстрира суштината на див и примамлив мирис“, открива Денис МекЕвој, потпретседател на „Глобалниот маркетинг за мириси“, Авон. „Никој друг не предизвикува ваква магнетска привлечност како Меган – и мажите и жените ја доживуваат како храбра, заводлива убавина. Таа е совршеното лице за парфем кој е интензивно примамлив, па и малку опасен“, вели МекЕвој.
Нотите: AVON Instinct ја доловува дивата сензуалност на моментот кога инхибициите исчезнуваат, а сетилата настапуваат на сцена. Заводливите ароми ги поттикнуваат примарните инстинкти, овозможувајќи да се прифати моќната сила на нескротливата желба.
„Прекрасен почеток со блескави цитрусни ноти и сочни овошја. Егзотичен цветен букет во срцевината инспириран од цветот на камелијата и други раскошни цвеќиња. Сето тоа на основа на сензуален мошус и руси дрвја создава уникатна комбинација на диво и неодоливо. Вистински природен мирис.“, вели Родриго Флорес-Ру, парфимерист, креатор на AVON Instinct.
За Меган Фокс
Актерката Меган Фокс е во центарот на вниманието уште од тинејџерка. Таа е родена во Мемфис и е позната по нејзините улоги во акциони хитови, како и трилери и комедии. За прв пат највеќе се прославува со нејзината улога на Микаела Бенс во првите две продолженија на „Трансформери“. Соработувала со многу познати актери, режисери и продуценти, а моментално работи на уште еден мега популарен филм чија премиера треба да биде во јуни 2014 година. Таа е и често лице на насловните страни на многу интернационални модни магазини.
За AVON
AVON компанија за жени е водечка глобална компанија за убавина, со преку 11 милијарди долари годишен приход. Како најголем светски директен продавач, AVON работи во преку 100 земји со преку 6.4 милиони независни AVON претставници. Компанијата нуди иновативни технологии во областа на козметиката и се гордее со најмногу жени на менаџерски позиции, споредбено со другите јавно-трговски компании. Продуктните линии на AVON вклучуваат препаративни и декоративни производи, модни додатоци и производи за домот пласирани со веќе етаблираните брандови на Avon Color, Anew, Skin-So-Soft, Solutions, Advance Techniques, Avon Naturals, Luxe и др.
Повеќе за производите: www.avoncosmetics.com.mk, како и на FB групата на компанијата: https://www.facebook.com/AvonMacedonia.