5 сигурни знаци дека нанесувате премногу шминка
Секако дека сите изгледаме подобро со шминка, со неколку вештачки трепки плус и малку повеќе руменило, но сепак претпазливо да не ја надминете границата.
Ако луѓето кои секојдневно ве гледаат нашминкани, сè уште не знаат како изгледате природно, време е да ја промените вашата рутина.
Еве како да препознаете дали спаѓате во групата на премногу впечатливо нашминкани:
Не излегувате од дома без шминка
Не можете да замислите да излезете ни до продавница без пудра и маскара? Внимавајте, тенка е линијата помеѓу љубовта кон добриот изглед и опсесијата. Доколку забележите дека никогаш не сте излегле од дома со природно чисто лице, направете го тоа за прв пат, и покрај тоа што самодовербата ќе ви биде разнишана.
Не го препознавате својот одраз во огледалото
Ова е една од најлошите работи кои може да ви се случи некогаш во животот е да не се препознаете во огледалото. Доколку сè уште се сметате за помалку убава без шминка, имате сериозен проблем за кој итно ви е потребно решение.
Постојано ја поправате шминката
Дали на секој саат се забележувате како одите во тоалетот за да ја поправите шминката? Тоа не е добар знак. Не смеете да дозволите вашата самодоверба да зависи од тоа како и дали шминката е размачкана.
Буквално ја чувствувате пудрата на лицето
Претераното шминкање подразбира нанесување на течна пудра, потоа камена, па потоа руменило. Во такви случаи пудрата буквално ќе ја чувствувате како тежок, надворешен слој кој ве гуши. Затоа земете во обѕир дека еден слој и еден вид пудра е сосема доволен.