Како да потрае темниот тен?

онцето во нашата кожа активира пигмент одговорен за потемнување на кожата. Златестиот тен по летувањето може да трае само 6 до 10 дена, бидејќи по тој период кожата започнува сама да се регенерира.

kako-temiot-ten-da-potrae-01

Но, ние имаме неколку совети како подолго да го сочувате потемнетиот тен.

1. Пред поаѓањето на годишен одмор, направете детален пилинг на телото. На овој начин ќелиите на кожата се враќаат на почетокот на својот циклус, а со тоа вашиот тен има повеќе време да се задржи.

2. Пијте што повеќе вода, за векот на вашите клетки да се продолжи, тврдат голем број на стручни лица. Надворешната хидратација е подеднакво важна, па затоа секогаш пред изложување на сонце нанесете заштитна крема, а по сончањето мачкајте се со соодветни креми.

3. Средствата со салицилна киселина, како што се пилинзите за тело, средствата против акни или подраснати влакна може да го осветлат вашиот тен. Пронајдете алтернативи доколку не сакате да се збогувате со бронзениот тен.

4. Многу фактори на телото влијаат на вашата кожа. Сонцето, воздухот, морската сол, како и базените преполни со хлор нека ве натераат да се грижите што подобро за својата кожа. Во својата исхрана внесете медитеранска храна, бидејќи ја хидрира кожата од внатре. Консумирајте и производи полни со бета каротен и витамин Е.

5. Практикувајте ги Б витамините во облик на капсула пред и по одморот, како и некои минерали кои играат важна улога во пигментацијата.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg