Екстравагантно: долна облека од чисто злато
Rokoko Desus, бренд зад кој стои бившата креаторка на Викторија сикрет, исфрли најново луксузно парче долна облека, градник, и килоти направени од посебна швајцарска ткаенина од чисто злато.
Раскошните парчиња на долна облека се инспирирано од легендарните владетелки како што се Клеопатра и Марија Антоанета, а секој модел е наречен според кралицата која била инспирација за истиот.
Парчето „Марија Антоанета“ може да се набави во потполно златна и црно златна верзија, со цветни мотиви, а достапен е исто како и останатите само во неколку одбрани бутици каде што посетата мора да се закаже однапред. Цената на едно парче е помеѓу $3.000 и $6.000 долари.
И покрај тоа што е направена од благороден метал, оваа долна облека може да се пере со вода, а дизајнирани се така што златото не се допира директно до кожата.
Интересот за овие екстравагантни модели е изненадувачки големо, иако за нас делуваат како новина, познато е дека некогашните владетели многу често се облекувале во облека направена од злато.