Како фризурата ја открива вашата личност?
Начинот на кој ја носите косата за вас може да открие повеќе отколку што мислевте. Деталите за вашиот карактер, секојдневниот однос и животните навики лесно може да бидат откриени преку неколку прамени коса.
Шишки
Шишките за момент го освежуваат целокупниот изглед и најчесто ги носат дамите кои сакаат да изгледаат заводливо и привлечно.
Коњско опавче
Оваа едноставна и младалачка фризура е идеална за спорт и рекреација, но многу дами ја одбираат и за елегантни прилики. Високиот реп открива дека вие сте навистина енергична и позитивна личност која знае кон што цели во животот.
Локни
Густите локни во косата откриваат силна и енергична личност која ужива во својот живот.
Кратка коса
Машката фризура која го открива женското лице е многу храбар, но и ризичен потег кој симболизира дека вие поминувате низ многу важни промени во животот.
Низок реп
Едноставна, но впечатлива фризура. Ако ја врзувате косата во низок, уреден реп оставате впечаток на силна и самоуверена личност која цврсто стои на земја.
Долга рамна коса
И покрај тоа што оваа фризура делува многу отмено, елегантно и романтично, беспрекорно испегланата коса ве опишува како доминантна личност која не сака промени.
Природна брановидна коса
Лежерно брановидната коса укажуваат на личност која ја прикрива својата самодоверба. Таа може да помине часови пред огледалото, а сепак да се труди да изгледа како штотуку станата од креветот.
Висока пунџа
Оваа елегантна вечерна фризура може да се носи на различни начини, но кои и да го одберете секогаш ќе доминира елеганцијата, префинетоста и сериозноста која сакате да ја искажете.
Плетенка
Било каква плетенка е симбол на среќна, весела и забавна девојка. Делува премногу младалачки, па затоа секоја девојка со плетенка е симбол на забава и по малку несериозност.