Водич за мажи: Облечете се по правилата на италијанските стилисти
Италијанците се носат со многу стил и гордост на кои сите им завидуваат. Тие избираат најдобри парчиња облека, се носат најдобро што можат и изгледаат најдобро. Од таа причина италијанскиот стил е секогаш во мода, а мажите ширум светот секојдневно се трудат да го усовршат овој стил.
За почеток, следете ги овие неколку правила и сигурно ќе постигнете впечатлив и неодолив италијански стил.
Пронајдете го совршеното одело
Кога и да ги прашате Италијанците тие секогаш имаат совршено скроено одело. Кроено е по нивен број, многу веројатно е да има две копчиња, одлично одговара на распонот на нивните раменици и доволно е тесно околу нивниот струк. Краватите кои ги носат се средна ширина, додека чевлите се секогаш заоблени а не шпицасти.
Не секогаш мора да носите чорапи
Ако носите потесни панталони, пробајте со нив да комбинирате мокасинки во интересна боја.
Комбинирајте многу бои
Италијанците ги обожаваат боите. Не морате да ја копирате нивната љубов, но обидете се да вметнете живост во секојдневните комбинации. Започнете со деталите како што се чорапите, шаловите или пак маиците кои се прекриени со сако.
Џебно марамче
Откако веќе одбравте одлично скроено одело, кравата и кошула која одговара, време е да обрнете внимание на џебното марамче. Што и да облечете, изберете некое марамче со интересен дезен и интересни бои.