Што сè не прават жените за да ја подмладат вагината
Бразилската депилацја и украси со кристали на интимните делови од телото одамна престанаа да бидат табу, но жените ширум светот од ден на ден се обидуваат да пронајдат нови начини кои ќе им помогнат нивната вагина да изгледа поубаво и помладо.
Розова шминка
Некои жени на срамните усни ставаат розова шминка за да изгледаат поубаво. Некои се задоволуваат со класично руменило, но оние кои што сакаат нешто подолготрајно одбират крема за избелување на интимните делови.
Имплантанти
Кај некои жени болката не признава граници. Шери Корсо, сопственичка на фирмата "G2organics" вели дека некои жени во вагината вградуват импланти или каменчиња за да добијат подобра текстура.
Краткотрајни тетоважи
На интимното подрачје жените сакаат да го напишат името на свето момче, но не се сигурни дали таа врска ќе потрае. Затоа идеални се кракотрајните тетоважи. Направени се така што може да издржат пет до седум секс-маратони, а потоа ги снемува.
Перики за вагини
Некои жени кои порано ги отстраниле со ласер сите влакна на вагината, сега копнеат по влакна. Овие краткотрајни мини перики се нанесуваат со помош на природен лепак, а траат до три дена. Стручното име за овие перики е "merkin".
Антиејџинг третмани
Американската козметичарка Поли Блитцер открила уште една лудост која ја прават жените за да ја подмладат својата вагина. Станува збор за антиејџинг третман, само што тој не се изведува на лицето туку на интимните делови. Вагиналното подрачје се третира со пареа, со разни билни препарати и креми, а влакната се бојат во потемна боја. Таквата постапка за подмладување се нарекува "Peach smoothie".