Носете шал, за топлина со стил (фото)
Шалот е можеби единствен додаток што нема девојка која не го обожава. Во најразлични плетки и големини, бои и дезени, шалот е едноставен и топол аксесоар кој ќе ве заштити од студот, а воедно ќе изгледате стилски и модерно.
Носете го во секоја пригода – дневна прошетка, утринско кафе, секојдневни обврски, па се до вечерните излегувања.
Комбинацијата на фармерки, џемпер, кратка јакна и високи чизми изгледа многу поинтересно ако додадете шал во боја.
Кратките фустанчиња, дезенираните хулахопки и високите потпетици задолжително комбинирајте го со зимска марама или плетен шал.
Кога станува збор за боите и дезените, слободно експериментирајте. Не е задолжително да се вклопува со бојата на панталоните или пак со џемперот.
Носете го како впечатлив и единствен додаток од кој нема да може да се одвоите.
-->
|
|
-->
|
|