Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Легални ли се белите чорапи?!

legalni-li-se-belite-corapi-povekjeКој ги сака кој не. За белите чорапи се водеа сериозни расправи во светот на модата, но никако да завршат на пописот на забранети модни додатоци.

 

 

Постојат неколку причини зошто не би требало да се носат белите чорапи, велат дизајнерите.

Прво, не се сложуваат со ништо (освен ако не се облечете целосно во бело и ги сокриете со долги ногавици), лесно се валкаат па не е пожелно да ги соблекувате патиките или сандалите, а ако баш морате да ги облечете, имајте на ум да се legalni-li-se-belite-corapiискомбинираат со спортска облека.

Меѓутоа и покрај овие совети и забелешки, ние се уште си ги носиме белите чорапчиња.

Во Холандија во 2004, власта сакала да ги прогласи белите чорапи за непристојни. Откако веста била пренесена во светските медиуми, и почнало да се коментира за идеите во либерална Холандија, власта објавила дека сето тоа било речено во контекст на кодексот за облекување кој треба да се почитува.

Така, холандските бели чорапи “преживеале“, но станало јасно дека “црно им се пишува“.

Белите чорапи се дел од спортската облека. Не се знае кој и кога ги прошетал и вклопил во секојдневниот стил и дури и во елегантни комбинации.

Едно е сигурно - тие биле и се дел од стилот на голем број ѕвезди. Заштитен знак на Мајкл Џексон, момците од машкиот бенд New Kids On The Block, Gene Kelly.

На светските плажи често во комбинација со сандали може да видите како ги носат Џастин Тимберлејк и Еминем, кои тврдат дека им е најважна удобноста, а потоа се останато.

Сепак на оној кој сака да ги носи сигурно не му значи мислењето на модните креатори или на Холанѓаните.

Што мислите вие?

Би можело да ве интересира:

7 вида обувки кои вредат „за сите пари“ - може да се комбинираат со сè Апостолки, бели патики - кои обувки може да ги комбинирате со секаква облека и д...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
Моден двобој на светските ѕвезди: На која ѝ стои подобро? Кога Тејлор Свифт и Хајди Клум ќе облечат исти едноделни патналони, двете изглед...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...
Модни детали поради кои делувате постаро (дури и без да сте свесни за тоа) Пластичен накит, жолта нијанса на русата коса - што прави да делувате постаро од...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg