Јасмина (28) од Скопје се облекува во тон со ќеркичката Клара (5) - во едноставни и елегантни аутфити
„Откако станав мајка спонтано почнав она што ќе го изберам за себе да го усогласам со она што би го избрала за ќерка ми, а ако треба конкретно да зборувам за стилот и модата ќе кажам дека сум личност што ја сака и негува класиката и едноставноста на елеганцијата“, вели Јасмина Божиновска (28), по професија психолог, за CRNOBELO.com.
Јасмина Божиновска (28), по професија психолог/семеен и системски советник, мајка на Клара (5) и сопруга на Дејан, со семејството живее во Скопје.
Јасмина својата цврста поврзаност со ќерка ѝ понекогаш сака да ја истакне дури и со облека во тон, на што малата Клара навистина се радува.
Јасмина за CRNOBELO.com вели:
„Оној кој добро ме познава за мене би рекол дека најважен сегмент од мојот живот е ќерка ми.
Можноста да се биде мајка за мене значи многу, а да се биде мајка на двојче во кое препознавам многу сегменти од себе е фасцинантна.
Нашата поврзаност е многу силна и длабока, распространета на многу нивоа на кои секојдневно работам и вложувам, бидејќи по професија сум психолог и некој што ја сака уметноста, а ја применува арт терапијата во родителството и секојдневната работа.
Облеката за мене претставува начин на изразување на моменталните емоции, а кога се во прашање емоциите сфатив дека многу често она што го чувствувам јас – го чувствува и ќерка ми, и обратно, колку и да не е вербално изразено и тоа е она што верувам дека секоја врска мајка-ќерка ја прави единствена.
Ова е и една од причините зошто и облеката често ни е во склад.
Лично, се стремам ќерка ми да стекне чувство пред сè за себе, за своето јас, своите емоции и да најде начин да ги изрази во која било форма, па дури и преку облека.
Облеката и комбинациите што ги препознавте на мојот Инстаграм профил се дел од нашето секојдневие.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





