8 тренди модни парчиња што ќе ги носите цела пролет (и цело лето)
Ленени шорцови, струкиран фустан со цветови, кошула со карнери – осум парчиња кои се задолжителни за потоплите месеци.
Пролетта е веќе овде и ако планирате да го обновите гардероберот, сигурно сте расположени за некој предлог.
Осум модни парчиња кои ќе бидат хит сезонава:
Едноставни тренерки
Тренерките продолжуваат да бидат хит за лежерните комбинации, па вреди да имате барем еден пар.
Најпопуларни се понеутралните бои, кои лесно се комбинираат со други нијанси.
Фустан од тексас
По здолништата, голем хит стануваат фустаните од тексас.
Изгледаат одлично со патики, но и со балетанки или сандали за поелегантна варијанта.
Палто како јорган
Ако сакате да го обновите гардероберот со пролетно палто, сезонава вистински хит ќе бидат моделите кои се шиени како јорган, главно со цветни мотиви.
Струкиран цветен фустан
Цветните фустани се синоним за пролет и лето.
За оваа сезона, купете струкиран модел со мини или миди должина.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





