9 ситни детали кои може да го уништат и најдобриот моден стајлинг
Чевли со уништена потпетица
Кај чевлите секогаш повеќе внимаваме на предниот дел, отколку на потпетицата.
Но, ако потпетицата е изгребана, со излижана флекница или е валкана, тогаш дефинитивно ќе оставите лош впечаток или дека немате добар стил.
Испукана јакна
Јакните од скај по некое време почнуваат да „пукаат“ на рабовите или да местата каде што се преклопени (ако не се чуваат соодветно) и делуваат неубаво.
Искршени нокти
Ноктите не мора секогаш да ви се налакирани, но треба да се средени - испуканите и искршени нокти се одраз на негрижа и го уништуваат впечатокот за секоја жена, дури и таа да е дотерана и нашминкана совршено.
Ќеса или торба-мрежа во рацете
Ако сте дотерани за излегување, тогаш избегнувајте да носите пластични ќеси во рацете или торба-мрежа која е соодветна за кога одите во маркет или на пазар.
Лошо наместен ремен
Ако ременот не е протнат низ сите гајки, туку сте пропуштиле некоја од нив, тоа ќе ја „уништи“ добрата слика за вашиот стил.
А. Ј. | Црнобело